Насловна / Архитектура / Колиба во форма на карпа успешно камуфлирана во швајцарските Алпи

Колиба во форма на карпа успешно камуфлирана во швајцарските Алпи

bureaua1
Во карпестата падина на швајцарските Алпи, вгнездена е колиба налик голема карпа. Изработена е по проект на архитектонското студио Bureau A,  и содржи пријатен внатрешен простор коj ги содржи некои од основните функции: кревет, масичка и столчиња на отворања, огниште и прозорци. Но гледајќи ја однадвор, содржински е незаприметливо, бидејќи оваа колиба сосема е камуфлирана во природната околина.

bureaua3 bureaua4 bureaua5

Непретенциозната природа на месноста Antonie на швајцарските Алпи, претставува инспирација за овој дизајн, но исто така и швајцарските скриени бункери и воена инфраструктура. Главен фокус за архитектите се списите на францускиот филозоф Пол Вирилио од 1975 година, кој ја проучувал археологијата на бункерите и принципите за камуфлажа. Овие теми ги фасцинираат, така што наоѓаат своевиден „превод“ во еден мистериозен бетонски објект, чија надворешност изгледа како исклесано уметничко дело.

bureaua2 bureaua7 bureaua6

Испрати коментар

Scroll To Top