Летните месеци воглавно го симболизираат периодот кога одиме да уживаме на брег, кога пливаме и се сончаме со часови. Сепак, интересно е да се отиде и на планина, особено ако таму ве чека модерна колиба уредувана токму за вашите потреби.
Токму таков е случајот со проектот Back Country House дизајниран од студиото LTD architectural од Нов Зеланд. Објектот се наоѓа на четириесеттина километри од Окленд, во прекрасна шума која нуди многу ладовина во секое време од годината. Главната цел била да се направи објект исполнет со домашна атмосфера, а со тоа и совршено да се вклопи во самата природа. Од таа причина, во изградбата главно се користени природни материјали како дрво, од коешто е направен екстериерот и е уреден ентериерот.
Сопственикот на куќата е, воедно и архитектот на споменатото студио. Ентериерот е дизајниран за да биде функционален, а во исто време и естетски удобен.
Преовладуваат топлите бои, како што се беж и кафеава боја, а објектот се состои од галерија со спална соба и приземје за дружење во текот на денот.