Сите станови немаат соодветна вентилација, особено во кујната (ако воопшто кујната и постои вон дневната соба, како што е чест случај кај нашите новорпоектирани станови).
Дизајнерите Hong-Ta Shen, Yan-Ton Chen, Tsung-Yu Wu и Yu-Ting Chang создале уред кој го решава овој проблем.
Kokãir Cooking Curifier е добар уред ако готвите во просторија која нема вентилација. Може да ја апсорбира пареата кога готвите на масло. Содржи внатрешен вентилаторски циклон кој користи центрифугална сила за собирање масло во сад, кој е сместен под и едноставно се одлага и чисти. Парета од моасло поминува низ HEPA филтер за чистење.
Kokãir всушност изгледа како паметен звучник и на прв поглед не знаете точно што претставува. Доволно е мал за да не го преполни просторот, без разлика дали ќе го поставите на страна или над шпоретот, во зависност од тоа каде имате простор или каде ви е потребен за да ги апсорбира испарувањата од маслото. Контролите се доволно лесни за управување, со копчето за вклучување и копчињата плус и минус едно до друго на врвот на уредот.