Насловна / Вести / Кока-Кола трета година по ред најголем загадувач со пластика

Кока-Кола трета година по ред најголем загадувач со пластика

Кока-Кола , Пепси и Нестле се обвинети за „нула напредок“ во намалувањето на пластичниот отпад, откако трета година по ред се прогласени за најголеми загадувачи со пластика во светот.

kk4

Кока-Кола е рангирана како број еден загадувач со пластика во светот од „Break Free From Plastic“ во нивната годишна ревизија , откако нејзините шишиња од пијалоци најчесто се наоѓаа фрлени на плажите, реките, парковите, шумите и други места во 51 од 55 испитани нации. Минатата година, шише на Кока Кола е најчесто фрланото во 37 земји, од 51 анкетирани, пишува Гардијан.

kk3

Откриено е дека е повеќе е фрлано од Пепси и Нестле заедно: брендови на Кока-Кола се пронајдени на 13.834 парчиња пластика, брендот Пепси на 5.155 и брендот Нестле на 8.633.

Годишната ревизија, преземена од 15.000 волонтери низ целиот свет, идентификувала најголем број пластични производи од глобални брендови пронајдени во најголем број земји. Минатата година тие собрале 346.494 парчиња пластичен отпад, од кои 63 отсто јасно се обележани со потрошувачката марка.

kk

Кока-Кола се најде на удар на активистите за заштита на животната средина, кога објави дека нема да ги напушти пластичните шишиња, велејќи дека тие се популарни кај клиентите . Во март минатата година откриено е дека Кока-Кола, Пепси и Нестле се одговорни за половина милион тони пластично загадување во шест земји во развој секоја година, според истражувањето на невладината организација Tearfund.

kk1

„Најголемите загадувачки корпорации во светот тврдат дека работат напорно за да го решат загадувањето со пластика, но наместо тоа, тие продолжуваат да произведуваат штетно пластично пакување за една употреба“, вели Ема Пристленд, координатор на глобалната кампања „Break Free From Plastic“

kk2

Испрати коментар

Scroll To Top