Насловна / Вести / „Кока Кола“ работи на својата прва амбалажа од хартија

„Кока Кола“ работи на својата прва амбалажа од хартија

Компанијата „Кока Кола“ се соочува со сериозен проблем. имено, таа е прогласена за најголем светски загадувач со пластика. Затоа, во напорите да се ослободи од оваа неславна титула, компанијата започна со тестирање на своето прво шише изработено од хартија. Според заложбите кои се објавени на сајтот на „Кока Кола“, целта е до 2030 година да се рециклира подеднаква количина на шишиња и лименки како оние што се продадени. Исто така, се ветува дека ќе се користат само материјали кои се подложни на рециклирање. Развивањето на шишето од хартија е дел од истата иницијатива. На овој проект компанијата соработува со својот партнер Paboco. „Нашата визија е да создадеме хартиено шише што ќе отвори нов свет на можности во областа на пакувањето, и ќе одигра сериозна улога во иднината“ вели менаџерот на „Кока Кола“ за иновации во пакувањето.

Проектот сеуште е во фаза на развој. Сегашните верзии сеуште содржат некои пластични елементи, кои се 100% подобни за рециклирање.  Идејата е да де добие шише кое целосно ќе биде ослободено од пластика. Оваа иницијатива е дел од програмата на „Кока Кола“ насловена „Свет без отпад“ (World Without Waste).

paperbottle1

paperbottle2

paperbottle3

Испрати коментар

Scroll To Top