Насловна / Вести / Која земја највеќе профитираше од енергетската криза? Не, не е Русија

Која земја највеќе профитираше од енергетската криза? Не, не е Русија

Надворешно трговскиот суфицит на Норвешка во октомври достигнал рекордно ниво, со оглед на растот на приходите од нејзините морски нафтени и гасни полиња. Приходите забележале скок предводени со растот на цените на природниот гас на меѓународните пазари. Октомврискиот суфицит изнесувал 9,73 милијарди УСД, што е пораст од 60,7% во однос на септември, кога е забележан претходниот месечен рекорд. Со дневно производство од околу четири милиони барели еквивалент нафта, скоро поделено помеѓу нафтата и природниот гас, Норвешка е најголем добитник од неодамнешниот налет на глобалните цени на енергијата. Во вкупниот минатомесечен извоз, 67% од приходот потекнува од нафтата. Најголемата норвешка државна нафтена и гасна компанија Equinor, во периодот  јули – септември забележала најдобар квартален резултат во последните девет години, со оперативна заработка од 9,8 милијарди УСД.

nor1

Иако сировата нафта е традиционално најголем извор на извозни приходи ан Норвешка, наглиот пораст на цените на гасот во последните неколку месеци ја сврти ситуацијата во корист на гасот. Вредноста на извозот на гасот во октомври изнесувала 8,27 милијарди УСД, што е петкратно зголемување во однос на истиот период лани. Истовремено, извозот на нафтата во октомври вредел 3,75 милијарди УСД, или зголемување од 71,8% во однос на истиот месец минатата година.

nor2

Норвешките испораки на гас лани сочинувале 22% од вкупната потрошувачка на овој енергент во Европската унија, заземајќи го второто место зад рускиот пазарен удел од 34%.

nor3

Еден коментар

  1. Boshaleska Cvetanka

    Инаку ова „УСД“ е или USD, или САД$. Да преведам, да не се чудат луѓето што е. Добро што не пишавте унци или јарди. И тоа се преведува на македонски.

Испрати коментар

Scroll To Top