Насловна / Вести / Која земја ќе поседува една петина од офшор ветерните електрани?

Која земја ќе поседува една петина од офшор ветерните електрани?

До крајот на деценијата, Кина би можела да го зголеми растот на глобалниот удел на енергијата од ветерот со помош на офшор ветерните електрани, и тоа за осум пати. Според Глобалниот совет за ветерна енергија, порастот на ветерните електрани на море е многу поголем од очекуваното, и се предвидува дека до 2030 година би достигнал 234 GW. Покрај тоа, во извештајот е потврдено сека секој 1 GW инсталиран капацитет во ветерна енергија на море, спречува емитување на 3,5 милиони тони јаглерод диоксид годишно. Во оваа индустрија се гледа и можноста за зелено опоравување на економијата после COVID 19 кризата. Според проценките, би се создале околу 900.000 работни места ширум светот. Во план с еизградба на проекти на изградба на ветерни електрани на море во Јапонија, Виетнам и Јужна Кореја, но и во други азиски земји, како и во Јужна Америка и Африка. Според податоците од 2019 година, водечките места на пазарот ги заземаат Велика Британија со 9,7 GW, Германија со 7,5 GW и Кина со 6,8 GW.

Се очекува наскоро Кина да поседува повеќе од 20% од сите светски офшор ветерни електрани до крајот на оваа деценија, односно 52 GW.

chinawind1

chinawind2

chinawind3

Испрати коментар

Scroll To Top