Престижната титула „Европска зелена престолнина“ секоја година се доделува на еден од европските градови со повеќе од 100 илјади жители, поради неговата посветеност кон одржливоста. Исто така, во подготовка е и доделувањето на „Европската награда зелен лист 2022“ за помалите градови кои имаат помеѓу 20 илјади и 100 илјади жители. Европската комисија ќе додели награда во износ од 600 илјади евра на градот кој ќе ја освои титулата “Европска зелена престолнина 2023“ и 200 илјади евра за највеќе два града за „Европската награда зелен лист 2022“. Титулата „Европска зелена престолнина“ носи бројни придобивки, почнувајќи од поголемиот фокус на еколошки проекти, раст во туризмот и странските инвестиции, зајакнување на локалната економија и помош во создавањето на нови работни места. Победничките градови, како и оние кои ќе влезат во потесен избор, имаат и пристап до Европската мрежана зелен капитал, која им пружа поддршка и платформа за размена на знаења и добри практики. Покрај сето наведено, претходните апликанти сметаат дека самиот процес на пријавување се покажал корисен во проценката на нивниот напредок и планови, како и споредување со другите учесници. Пријавите се затвораат на 28-ми октомври.