Насловна / Вести / Која е разликата помеѓу „зелениот“ и „синиот“ водород?

Која е разликата помеѓу „зелениот“ и „синиот“ водород?

Се смета дека водородот ќе има важна улога во енергетската транзиција чија цел е укинување на фосилните горива и премин на обновливи извори на енергија (ОИЕ). Сепак, иако постојат повеќе видови водород, потребно е да се увиди дали секој од нив е погоден за постигнување на декарбонизацијата. Клучната разлика помеѓу „зелениот“ и синиот“ водород треба да се бара во начинот на нивното производство. Во текот на производството на „синиот“ водород, природниот гас се дели на водород и CO2, при што последниов се зафаќа и се складишти. Од друга страна, за производството на „зелениот“ водород потребно е раздвојување на молекулите на водата со постапка на електролиза која бара користење на електрична енергија исклучиво добиена од обновливи извори. Исто така, за разлика од „синиот“ водород, во текот на чие производство настанува CO2, кај „зелениот“ водород се произведуваат само водород и кислород. Според тоа, „синиот“ водород го ублажува негативното влијание врз животната средина, но „зелениот“водород претставува најчист избор.

hydrogen1

 

Кои други видови на водород постојат? Освен „зелениот“ и „синиот“, постојат и „сив“, „розев“ и „жолт“ водород. Процесот на производство на „сивиот“ водород е ист како кај „синиот“, но разликата е во тоа што овде јаглерод диоксидот не се зафаќа и не се складишти, туку се испушта во атмосферата. Кога станува збор за производсвото на „розевиот“ водород, тој исто така се добива со електролиза како и „зелениот“, но притоа се користи нуклеарна енергија како извор. Со електролиза се добива и „жолт“ водород, но за неговото производство е дозволено да се користи само соларна енергија.

hydrogen2

Испрати коментар

Scroll To Top