Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Кој ќе го купи „Алстом“?

Кој ќе го купи „Алстом“?

alstom-90009
Во обидот да ја спречи продажбата на францускиот концерн „Алстом“ на американската корпорација „Џенерал Електрик“, која веќе доставила  понуда, француската влада, според весникот „Фигаро“, се обратила до германскиот „Сименс“. Весникот тврди дека француската влада побарала од „Сименс“ да даде своја понуда за преземање на „Алстом“.

Француската новинска агенција АФП, повикувајќи се на извори од браншата, јавува дека „Сименс“ веќе подготвува контрапонуда. Делот од концернот „Алстом“, кој произведува турбини за производство на електрична енергија, а за кој всушност се заинтересирани Американците, претставува три четвртини од активностите на фирмата. Но од друга страна, компанијата го произведува брзиот воз Те-Же-Ве и е специјализирана во опремување на електричните централи во Франција. Токму од „патриотски“ причини, француската влада е против преземањето на „Алстом“ од страна на американска компанија.

Испрати коментар

Scroll To Top