Листата на најубавите градови во светот ја составиле архитекти врз основа на златниот пресек.
Станува збор за математички термин кој често се користи во (историјата на) уметноста како композициски закон во кој помалиот дел кон поголемиот дел се однесува како поголемиот кон вкупниот во однос 1:1618.
Венеција
Златниот пресек станал идеал, особено за време на ренесансата кога уметниците и научниците се стремеле кон совршенство во композициите, па дури и денес се смета за најсовршениот пресек во природата.
Навикнати сме да слушаме за златниот пресек во модерното време во контекст на естетика, на пример човечкото лице, но постои и здружение на архитекти кое се занимава со златниот пресек во – архитектура.
Честер
На страницата Online Mortage Advisor ја објавиле својата студија во која ги проучувале историските градови низ Велика Британија, но и остатокот од светот и ги проучувале најпознатите градби и архитектура на градовите. Тие ги пресметале пропорциите на најдолгите и најкратките големини и нивните димензии, ги споредиле со златниот пресек и заклучиле дека според процентот во кој убавината на градовите се совпаѓа со златниот пресек, со 83,7% најубавиот град во Британија е Честер, а следат Лондон, Белфаст и Ливерпул.
Венеција
Потоа се зафатиле со малку понапорна задача – да го пронајдат „најубавиот град на светот“.
Ова треба да се земе како забавна статистика, но титулата најубав град со процент на совпаѓање со златниот пресек би и припаднала на Венеција со 83,3%. Следуваат Рим, Барселона и Прага. Во топ 10 градови влегоа и Унгарците со главниот град Будимпешта, која го зазеде седмото место.
Будимпешта