Насловна / Вести / Кој го откри големиот скандал на Volkswagen?

Кој го откри големиот скандал на Volkswagen?

Ispituvanje na izduvni gasovi vo Virxinija univerzitetot
Големите откритија обично започнуваат потполно незабележано. Ова може да се потврди и со најновиот скандал околу милионите манипулирани возила на гигантот Volkswagen. Интересно е дека овој скандал не е откриен од страна на голема државна надлежна установа, туку од страна на мала група научници од Универзитетот Вест Вирџиниа во Моргентаун. Поточно, зад откритието стои еден мал Институт од овој Универзитет познат како Центар за алтернативни погонски горива, мотори и отпадни гасови (CAFEE). Во овој институт еден професор води група од осум инженери – истражувачи. Најголем број од студентите на Унивезритетот дури и не знаат дека овој Институт постои.

Volksvagen maska

Извештајот за кој во изминатиот период зборува целиот свет, објавен е уште во средината на минатата година. Во извештајот се работело за теренско испитување на четири возила: три марки на Volkswagen и едно BMW. Научниците со овие возила поминале стотици километри долж западниот брег на САД и дошле до зачудувачки резултати – количините на штетните отпадни гасови биле неколку пати  повисоки од оние во лабораторија. Како што кажува раководителот на Институтот, научниците воопшто и не се сомневале во некаква измама, туку целта на нивното истражување била да покажат дека и во САД каде функционираат многу построги еколошки правила, овие автомобили функционираат подеднакво добро како и во Европа. Потоа, целата работа во своите раце ја превзема EPA  (Environment Protection Agency), Агенцијата за заштита на животната средина на САД и резултатот е познат. Притоа, почетната иницијатива за испитувањето на емисиите на отпадни гасови доаѓа од Меѓународниот совет за чист сообраќај (ICCT), исто така мала и непрофитна организација. „Веднаш знаевме дека тука нешто смрди“, вели John German од ICCT.

Државната агенција EPA во САД има многу поголеми овластувања од сличните институции во Европа и може да изрече многу големи казни, што се потврди и со висината на казната за Бритиш Петролеум по хаваријата со нафтата во Мексичкиот залив. Во случајот на Volkswagen се работи за казна од 18 милијарди долари.

 

Испрати коментар

Scroll To Top