--> -->
-->
Насловна / Вести / Кој бренд продава најмногу електрични, кој дизел а кој возила на бензин?

Кој бренд продава најмногу електрични, кој дизел а кој возила на бензин?

Секој производител или групација има доминација во одреден погон. Mercedes најмногу продава дизел возила, Volkswagen бензинци, Toyota хибриди, Geely plug-in хибриди, Dacia возила на гас, a Tesla електрични возила. Сето ова е според очекувањата, но со одредена разлика во согласност со популарноста на одредени модели. Стагнацијата во делот на електричните возила и враќањето кон дизелот кај Mercedes има логика. Симболот на дизелашите во Европа својата продажба ја базира на 38% дизел возила, додека бензинците учествуваат со 28%. Електричните возила кај овој бренд заземаат само 16%. Од друга страна, Volkswagen ја темели својата продажба на TSI бензинците – дури 54 %. Електричните возила овде се застапени со 18%.  Ако постои производител кој со срце и душа е посветен на хибридната технологија, тогаш тоа е Toyota. Ги произведува речиси 30 години, а моментално нивната продажба зазема 74% во вкупната продажба на брендот. Учеството на дизел возилата е само 3%, и станува збор исклучиво за товарни и теренски возила.

Романската офанзива со Sandero продолжува и оваа година, иако и Duster започнува редовно да се појавува во категоријата 10 најпродавани модели. Продажбата на Sanderо со двогоривен систем (бензин +гас) оди одлично, односно нивниот удел во продажбата на овој бренд е 51%. Во договор со својот партнер Mercedes, кинескиот гигант Geely се ориентира на продажба на  plug-in и електрични возила на европскиот пазар. Благодарение на понудата на сопствени PHEV модели, но и широката гама на брендови со ист погон, првенствено Volvo автомобили, но и модели под ознаката Lynk & Co и Zeekr, кинеската групација остварува 30% удел во продажба на plug-in хибриди. Интересно е дека Ford е трет во Европа со 11% на удел на PHEV. Наглиот пад на електричните автомобили на американскиот производител Tesla, остава се повеќе простор на другите, а од нивната загуба највеќе корист оствари Volkswagen, кој само во февруари забележал раст од 180%.

 

Испрати коментар

Scroll To Top