Традиционалните производители на автомобили, како и технолошки стартапи, инвестираат милијарди долари во развој на електрични возила и батериски технологии. И покрај бројните турбуленции на крајот на минатата година кои влијаеа и врз големиот пад на цената на акциите на Tesla, оваа компанија и натаму е доминантна на пазарот на електрични автомобили, а Илон Маск и екипата можат да бидат и повеќе од задоволни од финансиските резултати во последниот квартал.
Сепак, со оглед на фактот дека речиси сите (големи) автомобилски компании инвестираат сериозни средства во електрификација, јасно е дека конкуренцијата на пазарот значително ќе се зголеми и притисокот на Tesla ќе биде се поголем. Тоа му е јасно и на Маск, кој во текот на претставувањето на деловните резултати, зборувал и за конкурентите и посебно се осврнал на кинеските производители на автомобили како Xpenga, Nia и други. „Имаме големо почитување за производителите на автомобили во Кина. Тие се најконкурентни на светот, највеќе и најпаметно работат“, рекол Маск и додал дека најверојатно некоја кинеска компанија би можела да стане нивен најголем конкурент и дека ќе го заземе второто место на овој пазар. Моментално најголема конкуренција на Tesla на кинескиот пазар е BYD. Оваа компанија, во која има инвестирано и Ворен Бафет, минатата година продала над 911.000 електрични автомобили, а заедно со plug-in хибридите, тој број изнесува 1,8 милиони. Што се однесува до Tesla, минатата година испорачала 1,3 милиони автомобили. Со цел да ја зголемат продажбата во овие глобални услови полни со предизвици, Tesla е присутна на бројни пазари вклучувајќи го и кинескиот. Кинеските компании се разбира не се единствени, а веројатно не се ниту најголеми конкуренти на Tesla, и покрај споменатите коментари на Маск. Имено, своите планови на овој пазар имаат и традиционалните производители на автомобили. Најамбициозен во моментот е Volkswagen. Германскиот автомобилски гигант најави инвестиција од над десет милијарди долари во развој и производство на електрични автомобили и батериски технологии и се надеваат дека веќе за две години би можеле да ја престигнат Tesla и да станат најголем производител на електрични автомобили на светот.