Денешните модерни автомобили со повисоко ниво на опрема, главно имаат заклучување без клуч, односно со помош на сензори или системи кои препознаваат дека сте близку до автомобилот, па го отклучуваат или заклучуваат (ако се оддалечувате) возилото автоматски. Меѓутоа, овој облик на комфор и луксуз создава и прилика за „модерните крадци“, кои со помош на разни уреди ги зајакнуваат сигналите на клучот и го отвораат возилото без проблеми. Имено, со помош на овие уреди дометот ан сигналот се проширува за стотина метри, а клучот може да биде било каде – во Вашиот дом или во Вашиот џеб додека сте на работа.
Автомобилите со заклучување без клуч секогаш било полесно да се украдат отколку оние со класични клучеви и клучеви на кои се притиска копче за заклучување/отклучување. Ова го покажуваат актуелните студии на Германскиот автоклуб (ADAC), која опфаќа над 500 автомобили. Поголемиот дел од производителите на автомобили едноставно не инсталира системи кои можат да штитат од кражба на автомобилот. Како што покажуваат континуираните тестови на ADAC на 500 автомобили со системи без клуч, речиси сите возила можеле да се отворат без поголеми проблеми. Само 5% од испитуваните автомобили биле сигурни, заштитени од напади и покрај проширувањето на дометот на сигналот, односно имаат соодветна технологија за заштита (UWB). Јaguar Land Rover е првиот производител кој во 2018 година има вградено ваква технологија. Од 2019 година сите најголем дел од автомобилите на VW групацијата се заштитени ан овој начин, како Audi A3, Seat Leon, Škoda Octavia и Volkswagen Golf 8, ID.3, ID.4, Polo и Caddy. Првите модели кои имаат иста заштита сега се достапни и кај BMW и Mercedes.