Енерегетските пазари со внимание ги следат случувањата околу изборните процеси кои годинава треба да се спроведат во САД, Венецуела и Русија.
Во американската енергетска политика дојде до големи промени под водството на Бајденовата администарција, при што отсуствува фокусот на енергетската сигурност. САД исто така се повлече од бројни проекти поврзани со фосулните горива во странство. Секторот фосилни горива и натаму доминира со домашната и глобалната потрошувачка на енергија. И додека меѓународната енергетска политика не е на гласачкото ливче на американските избори во 2024 година, изборниот исход длабоко ќе влије на улогата на САД во меѓународниот енерегтски развој. Моменталната енергетска политика на САД постави нови правила за американското ангажирање на меѓународната сцена. Иако овие нови правила добиле малку внимание во земјата, тие имаа големо влијание врз активностите на САД во странство. Како дл од напорите да се напуптат фосилните горива, администрацијата на крајот на 2021 година издала упатства на сите владини агенции, САД да се воздржат од финансирање, промоција, дискусија, советувања или дури и понуда на техничка помош во врска со производството или трговијата со фосилни горива. Поради тоа, американскиот Стејт департмент им испратил телеграма на сите американски амбасади да се воздржат од било какви разговори за фосилните горива. Исто така, во декември 2021 година, администрацијата официјално објави крај на американското јавно финансирање за прекуморски проекти кои произведуваат или траспортираат фосилни горива. Оваа забрана беше проширена и на природниот гас, дистанцирајќи с еод политиките на Обама кои ова гориво го третираа поинаку од нафтата и јагленот и ги поддрѓуваа проектите за природен гас. На пример Обама се залагал за нови проекти за снабдување со гас на Европа, со цел намалување на зависноста од Русија во снабдувањето со гас и подобрување на енергетската сигурност на своите сојузници.
Рускиот претседател Путин ги отстрани сите препреки за својата нова претседателска кандидатура во март, па многунина не се сомневаат дека тој ќе оствари уште една изборна победа. Но, неговиот пораз би ги погодил енергетските пазари поради неизвесноста која ќе ја донесат новите околности и новата прераспределба на интересите во оваа земја.
Изборите во Венецуела се исто така значаен фактор кој би имал влијание врз енерегeтските пазари. Претседателот Мадуро постигнал договор со Вашингтон за привремено ублажување на санкциите за венецуелската нафта. Договорот е базиран на создавањето услови за слободни и фер избори и дека опозицијата нема да биде спречена да учествува на истите. Во меѓувреме се појавува спор помеѓу Гвајана и Венецуела околу регионот Есекиб, богат со нафта. Не е исклучено, овој конфликт Мадуро да го искористи за воведување на вонредна состојба со цел да ги избегне изборите, или барем да ги одложи за некое време.
Во секој случај, изборните исходи во секоја од овие земји значително ќе придонесат за креирањето на енергетската мапа на глобално ниво во оваа година, без оглед дали станува збор з апромена во земја која располага со значајни енергетски ресурси или пак за земја која има сериозно влијание врз креирањето на глобалните енергетски политики како што е САД. Ова беа дел од опсервациите на аналитичарот Чарлс Кенеди за порталот oilprice.com.