Насловна / Вести / Кои се трите најпаметни градови во светот?

Кои се трите најпаметни градови во светот?

Американскиот портал Power Engineering International објави дека Сингапур, Лондон и Барселона се најпаметните градови во светот. Како што се истакнува, се работи за податоци од извештајот со кој се опфатени двигателите и бариерите со кои се соочуваат градските управи при примената на решенијата за паметни гадови. На пример, Барселона е рангирана на самиот светски врв бидејќи овозможила отворање на дури 47.000 нови работни места, заштедила 42,5 милиони евра на вода и уште 36,5 милиони евра заштеди преку паметните паркиралишта.

Barcelona seen from the terrace of the Catalan Art Museum, Spain.

Сингапур, се истакнува со напредните решенија во областа на инфраструктурата, сообраќајот и примената на подземните простори, додека Лондон се наоѓа во ова друштво првенствено поради насоченоста кон помалите градски заедници при имплементацијата на новите технички решенија.

martest cities 2

smartest cities 3

Од друга страна, дури 10% од претставниците на градските управи кои биле опфатени со извештајот, истакнуваат дека немаат капацитет за развој и примена на решенија за паметни градови или пак имаат ограничени буџети, недоволно развиена инфраструктура, лошо планирање односно лошо управување  за таков вид проекти. Во секој случај, ограничениот буџет е најважната препрека (дури 23% од случаите), а потоа следува недоволно развиената инфраструктура (19%).

 

Испрати коментар

Scroll To Top