Насловна / Вести / Кои се најголемите електрични централи во светот?

Кои се најголемите електрични централи во светот?

На листата од 10-те најголеми електрични централи во светот, се наоѓаат дури осум хидроцентрали кои се неприкосновени на првите пет места, и две нуклеарки. Интересно е дека меѓу овие десет најголеми централи, три се лоцирани во Кина и две во Бразил. Кина ја има најголемата електрична централа во светот, а тоа е хидроцентралата „Three Gorges Dam“ со инсталирана моќност од 22.500 MW. Изградена е во 2012 година.

Brana KIna three-gorges-dam1

(Three Gorges Dam – проект вреден 24 милијарди долари)

Најголемата нуклеарна централа во светот е всушност на шестото место на генералната листа. Се работи за централата „Kashiwazaki – Kariwa“ во Јапонија, со инсталиран капацитет од 7.965 MW. Но, оваа централа не е повеќе активна, откако по земјотресот во април 2011-та се затворени сите реактори.

Japonija Kashiwazaki-Kariwa-samaya-moshhnaya-AES-mira-i-YAponii1

(Kashiwazaki – Kariwa – најголемата нуклеарна централа во светот изградена во 1985 година)

„Taichung“ е најголемата термоцентрала на јаглен која се наоѓа во Тајван. Има инсталиран капацитет од 5.500 MW. Оваа централа е најголемиот емитер на јаглерод диоксид во светот, со емисија од 40 милиони тони годишно. 70% од потребниот јаглен централата го обезбедува преку долгорочни договори за увоз од Австралија, Јужна Африка, Индонезија и други земји. Остатокот го надополнува на пазарот за моментални испораки.

Tajvan Taichung_Fire_Power_Plant

(Taichung – најголемиот загадувач на воздухот во светски рамки)

Најголемата термоцентрала на природен гас се наоѓа во Русија. Тоа е „Surgut – 2“ со инсталиран капацитет од 5.597 MW. Централата работи во комбиниран циклус, односно со висок степен на ефикасност.

Rusija TEC Surgut-2

(Сопственик на руската централа Surgut-2 е E.ON)

Најголемата соларна фарма е „Topaz“ во Калифорнија, САД. Изградбата почнала во 2011 и завршила во 2014 година. Има инсталиран капацитет од 550 MW.

DSC00239.jpg

(Topaz – инвестиција од 2,5 милијарди долари)

Кина е сопственик и на најголемата ветерна централа. Tоа е „Gansu“ со инсталиран капацитет од 5.160 MW. Се работи за еден од шесте мегаенергетски проекти одобрени од кинеската влада. Изградбата започнала во 2009 година, а претходно наведениот капацитет се однесува само за првата фаза од проектот која е завршена во 2010 година.

Kina Gansu.Guazhou.windturbine_farm.sunset

(До завршувањето на проектот во 2020 година, планирано е најголемата ветерна фарма да има 20.000 MW)

 

 

Еден коментар

  1. Odlicna tema. Bravo.Da gi ima pocesto od ovoj tip.

Испрати коментар

Scroll To Top