Насловна / Вести / Кои се најбрзите возови во светот?

Кои се најбрзите возови во светот?

Неодамна францускиот брз воз познат како TGV ја прослави својата 40 годишнина. Додека во Европа, Јапонија и Кина возовите достигнуваат и над 500km/h, а веќе и регионот гради брзи пруги, македонските железници за жал остануваат на речиси истото ниво како во 19-тиот век. Но, да видиме кои се најбрзите возови кои се во комерцијална употреба ширум светот и обезбедуваат извонреден комфор и практичност во патувањето.

1. SCMaglev (Јапонија)

Овој воз има максимална тестирана брзина од 603km/h, но неговата брзина во сообраќајот е ограничена на 505km/h. Наследникот ан популарниот шинкансен кој е воведен во сообраќај во 1964 година како најбрз воз во светот. Во 2027 година ќе започне со работа линијата Токио – Нагоја, а овој воз ќе овозможи минување на растојание од 286 километри за само 40 минути.

scmaglev

2. TGV (Франција)

Со мрежа од 2800 километри во брза железница, Франција е четврта ссветска сила, после Кина, Шпанија и Јапонија. TGV е инаугуриран во 1981 година, на линијата Париз – Лион. Максималната брзина е 574km/h, додека во редовниот сообраќај оперира со брзина од 320km/h.

tgvfrance

3. Shanghai Transrapid (Кина)

За само седум минити овој воз Ве носи од аеродромот до центарот на градот – растојание од 30 километри. Инаугуриран во 2004 година, овој воз има максимална брзина од 501km/h, a на редовните линии циркулира со брзина од 431km/h.

transpapid

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top