Гренланд е на пат да изгуби повеќе мраз во овој век отколку во кој било друг период на холоценот. Големото топење на мразот на Гренланд ја става Земјата во опасност од големи миграции од сите видови – што дополнително предизвикува бројни други последици по квалитетот на животот.
“Топењето на мразот на Гренланд може да го зголеми нивото на морето за 7,6 метри, што ќе биде поразително за крајбрежните области на планетата“, рече минатата година океанографот на НАСА Џош Вилис.
За да се утврди сериозноста на проблемот, НАСА смисли алатка со која може да предвиди кои градови ќе бидат поплавени поради топењето на глечерите.
Научниците го вметнаа ефектот на гравитацијата на Земјата и нејзината ротација во „формулата“ со цел да предвидат како водата ќе се „прераспредели“ низ целиот свет.
“Алатката за секој град дава јасна слика за тоа кои глечери се од особено значење“, рече еден од научниците кои учествуваа во истражувањето, пренесува Večernji list.
Промените во Гренланд ја погодуваат целата планета, бидејќи милијарди тони стопен мраз го зголемуваат нивото на морето во Австралија, Азија, Европа и САД.
И истражувањето покажа дека Лондон, Дубровник, Тромсо (Норвешка), Осло, Атина, Сиракуза, Марсеј, Гибралтар и Брест (Франција) треба да се плашат од топење на големи ледени површини во западниот дел на Гренланд во Европа.