Насловна / Вести / Кои држави се најголеми производители на природен гас?

Кои држави се најголеми производители на природен гас?

Цените на природниот гас забележаа значителен пораст после руската инвазија на Украина, што ја вложува и онака сложената ситуација со снабдувањето. Пред војната, Европската унија увезуваше околу 40% од потребите за природен гас од Русија.  И покрај глобалните напори да се намали потпирањето на фосилни горива, потрошувачката на природен гас достигна нов историски рекорд во 2021 година, надминувајќи го претходниот од 2019 година за 3,3%. Меѓународната агенција за енергетика укажува главно истото ниво на потрошувачка се очекува да се задржи до 2025 година.

Во продолжение е дадена листа на десетте земји во светот кои се најголеми производители на природен гас, како и нивниот удел во глобалното производство.

  1. САД 23,1%
  2. Русија 17,4%
  3. Иран  6,4%
  4. Кина 5,2%
  5. Катар 4,4%
  6. Канада 4,3%
  7. Австралија  3,6%
  8. Саудиска Арабија  2,9%
  9. Норвешка 2,8%
  10. Алжир 2,5%

Прирoдниот гас има удел од 32% во потрошувачката во САД, но Русија ги има најголемите резерви од природен гас на светот. Во екот на воената криза, ЕУ го изнесе својот план за постепено укинување на зависноста од руските фосилни горива. Голем број на држави членки направија значајни чекори и во преминот кон други одржливи горива и во однос на снабдувањето со гас од други извори. Сепак, и покрај сите напори, барем на краток и среден рок, супституирањето на рускиот гас останува сериозен предизвик за Европа.

 

Испрати коментар

Scroll To Top