Ако купувате автомобил, секако важно е да постигнете што подобра цена кога ќе го продавате во иднина како половен. И бојата влијае на цената по која ќе можете да го продадете. Според истражувањето на порталот iSeeCars, меѓу 13 бои најдобро котирала жолтата. Оваа боја не е најпопуларна боја за автомобил, таа е дури меѓу најретко застапените, освен за спортските автомобили. Многумина би помислиле дека белата боја е најсигурен избор, но таа го зазела дури деветото место во истражувањето кое опфаќа 5, 6 милиони нови и 700.000 половни автомобили, кои се купени, продадени или заменети во периодот од 2017 до 2021 година.
Втората „најсигурна“ боја е беж, со губиток на вредноста од 22,8% за три години. За споредба, жолтата за исто време изгубила 20,4% од вредноста. Вредноста на белите возила опаѓа за 38%, додека најлошо пласирана е „златната“ боја која губи 45,6% од вреднсота за три години. Според тоа, бојата на возилото е една од примарните карактеристики која купувачите ја имаат во предвид покрај марката и моделот.