Британскиот WhatCar спроведе тестирање и истражување на автомобилите и нивната потрошувачка, односно разлика во потрошувачката во однос на официјалните податоци. Новиот официјален WLTP тест кој е актуелен од 2019 година, многу е поблиску до вистината од претсходно користениот NEDC тест. Автомобилите кои ги тестирале британците, имале во просек 6,3% полоши резултати отколку на официјалниот тест кој Европската унија го бара од сите автомобили за утврдување на нивната потрошувачка.
Како и другите тестирања, и овие спроведени од страна на WhatCar се направени во лабораториски услови, но базирани на реалното возење низ градовите, како и по автопатиштата.
Добитници
Зачудува фактот што неколку автомобили во студијата постигнале уште подобри (поекономични) резултати од официјалните податоци. Ова се петте најдобри резултати:
5. Honda Civic Type R
Многу впечатливо 5-то место за Hond Civic Type R. Спортскиот автомобил со 320 hp, се покажал 9,2% поекономичен отколку на WLTP тестот.
4. Dacia Duster
Овој модел е веќе познат по тоа што нуди доста за вложените пари, а економичноста на моторот е уште еден плус. Овој автомобил троши 10,1% помалку од фабрички декларираното.
3. Volkswagen Up!
Малиот и лесен градски автомобил има 10,5% помала потрошувачка, во споредба со официјалните тестови.
2. Honda CR-V (hybrid)
CR-V на WhatCar тестот покажал за 12,3% повисока економичност.
1. Ford Ranger Pick-up
Дури 18,6% подобри резултати, отколку на официјалните тестови
Губитници
Во продолжение с еприкажани петте најлоши резултати од тестирањето:
5. Audi A3
Audi A3 седан, имал 16% полоши резултати од декларираните.
4. Renault Clio
Renault Clio со хибриден погон, трошел 16,9% повеќе од наведената потрошувачкка според WLTP.
3. Ford Fiesta
Со 20% повисока потрошувачка, на третото место е Ford Fiesta со 1.0 бензиски мотор и 155 hp.
2. Suzuki Swace Hybrid (“препакувана” Toyota Corolla караван под брендот на Suzuki)
И на претпоследното место е хибрид, Suzuki Swace, со 21,6% полош резултат од својот WLTP тест.
1. BMW 420d
Најголемиот губитник од ова тестирање е BMW 420d. Според WhatCar тестот, разликата во потрошувачката кај овој модел е дури 26,4%.