Насловна / Вести / Когенеративната постројка „БЕ-ТО Карловац“ стартуваше со пробно производство

Когенеративната постројка „БЕ-ТО Карловац“ стартуваше со пробно производство

Постројката „БЕ-ТО Карловац“ во која се инвестирани 20 милиони евра, има капацитет од 5 MW за производство на електрична енергија и 10 MW за топлинска енергија. Електраната на дрвна биомаса ќе ја продава произведената електрична енергија во мрежата на HEP (Hrvatska elektroprivreda), додека поголемиот дел од топлинската енергија ќе биде користена за производство на пелети. Остатокот од топлинската енергија ќе се користи за греење. Дозволата за изградба на оваа постројка е добиена минатата година. Сегашниот сопственик го откупил целиот проект од инвеститор од Велика Британија. Имено, овој инвеститор од Велс ги претставил своите планови пред градските власти уште пред осум години, но подоцна се покажало дека не биле доволно сериозни кон овој проект.

karlovac1

karlovac3

Испрати коментар

Scroll To Top