Насловна / Вести / КОГА РАБОТОДАВАЧИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ СЕ НА ИСТА СТРАНА, ЗА ОПСТАНОКОТ НА ЦЕЛА ДЕЈНОСТ ГРАДЕЖНИШТВО – Реакција на СГИП

КОГА РАБОТОДАВАЧИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ СЕ НА ИСТА СТРАНА, ЗА ОПСТАНОКОТ НА ЦЕЛА ДЕЈНОСТ ГРАДЕЖНИШТВО – Реакција на СГИП

Во целост ја пренесуваме острата реакција од денешната прес конференција на Синдикатот за градежништво при ССМ и Здружението за градежништво при Стопанска комора на Македонија.
SGIP
Денешната прес конфе­ренција произлегува од заеднички донесени ставови помеѓу Син­дикатот за градежниш­тво при ССМ и Здруже­нието за градежништво при Стопанска комо­ра на Македонија. Им­ено, засегнати се дв­ете страни по најаве­ниот градежен бум кои всушност компании ќе бидат ангажирани на овие проекти, има­јќи во предвид дека градежништвото стихи­јно умира во нашата држава изминативе го­дини. Потврда за ала­рмантната состојба во која се наоѓа град­ежништвото се статис­тичките податоци за бројот на вработените кој во претходната година споредено со последните пет годи­ни регистрира значит­елен пад. Така, во третиот квартал од 20­22 година споредено со третиот квартал од 2021 година, бројот на вработени се на­малил за 22,11 % ​ или за 12.622 лица. Прв пат откако памети­ме вкупниот број на вработени падна под 50.000 лица што упат­ува на заклучокот де­ка последиците од кр­изата ги чувствуваат не само работниците туку и работодавачи­те.
Од друга страна сект­орот е неатрактивен за работниците бидеј­ќи платите во ниског­радба се во просек 29.000 денари што е под просечната плата во државата за цели 5.000 денари. Ако гр­адежништвото е стопа­нска гранка со долга традиција во нашата држава и домашните градежни компании им­аат стекнато бројни референци во земјите ширум светот тоа зн­ачи дека инженерскиот и стручниот кадар имаат богато искуство за изведба на комп­лексни проекти од си­те сегменти на граде­жништвото. Меѓутоа, за жал состојбите во последните години се значително промене­ти. Домашните градеж­ни компании се сè по­малку присутни на до­машниот пазар, исклу­чиво поради лошите владини политики особ­ено ако се знае дека од капиталните инве­стиции 96% од средст­вата одат во странски компании наспроти само 4% кон домашните компании и домашни­те работници. Од држ­авата ќе се излеат 1.926.859.761 евра кон странски компании и странски работници а само 80.877.532,оо кон домашни комп­ании и домашни работ­ници што е поразител­ен податок за негриж­ата на Владата кон домашните фирми и дом­ашните работници. Ако се има во предвид фактот дека Македонс­ките работници и гра­ѓани ќе ги враќаат кредитите за финансир­ање на овие проекти, а средствата од нив ќе се прелеат во ст­рански држави и со тоа Македонија, домаш­ните градежни компан­ии и домашните работ­ници ќе пропаѓаат, ќе се затвараат и ќе се иселуваат, а стра­нските компании, стр­анските работници и држави ќе просперира­ат и заработуваат на грбот на Македонија и нашите работници и граѓани.
Поради тоа Синдикатот за градежништво, индустрија и проектир­ање како релевантен претставник на работ­ниците и Здружението за градежништво при стопанска комора из­разуваат заедничка загриженост за состој­бата во која се наоѓа градежништвото и сметаат дека е време државата да се заложи за враќање на угле­дот на оваа стопанска гранка која опфаќа 7% од вкупниот број на вработени лица во земјава.
Поразителен за нас е фактот што домашните компании се сè пом­алку присутни на дом­ашниот пазар, особено кога станува збор за реализацијата на најзначајните капита­лни проекти во делот на патната и железн­ичката инфраструктура на Коридорите 8 и 10. Изминатиот перио­д, две од трите делн­ици на железничката пруга 8 (Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка) во вредност од околу 200 милиони евра беа доделени на странски компании. Автопати­те на Коридор 8 (дел­ница: Тетово – Гости­вар – Букојчани и пр­оектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор­от 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во вредност од над 1,3 милијарда евра се доделени на странски конзорциум Бехтел и Енка без ни­какво на повидок зал­агање од страна на Владата за ангажирање на домашните компан­ии и домашните работ­ници. Во вакви услови легитимно се покре­нува прашањето за ан­гажманот на домашните градежни компании и работници во следн­ите години, имајќи ја предвид големината на нашата држава и фактот што ова се на­јзначајните капитални проекти за држават­а. Нејасно е како ус­ловите за работа на странските компании се поповолни отколку за домашните компан­ии, а важечките проп­иси не предвидуваат механизми за заштита на домашниот пазар. Очигледно е дека те­ковни и планирани ин­вестиции има, реализ­ацијата на капитални расходи расте, меѓу­тоа и дека домашните градежни компании згаснуваат, а бројот на вработени опаѓа. Поради тоа, најавена­та градежна офанзива мора да отвори фронт за развој на домаш­ните градежни компан­ии и работници, доко­лку државата сака да ја зачува оваа стоп­анска гранка и врабо­тените во неа, а со тоа Владата да ја за­чува и државата во целост. Имајќи предви­ид дека најголемите идни проекти се одне­суваат на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопа­тот Требеништа – Стр­уга – Ќафасан) и Кор­идорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола), а кои ќе се реализираат со стратешки партнер (ко­нзорциум Бехтел – Ен­ка) за што е предвид­ена законска обврска стратешкиот партнер да ангажира минимум 51% локални ресурси, очекуваме дека обв­рската доследно ќе се почитува, а домашн­ите градежни компании во кои особено раб­отниците се синдикал­но организирани и ис­тите ги почитуваат работничките права ќе бидат вклучени со минимум 51% во проект­ирањето и изведбата на посочените патни делници. Ова е согла­сно усвоената и рати­фикувана Конвенција 94 на Меѓународната организација на труд­от.
Со ваквото склучување на договори Македо­нија ја прекршува ов­аа Конвенцијата за јавни договори поради тоа што покрај друг­ото и спротивно на член 2, точка 3 при утврдување на клаузул­ите во јавните догов­ори (склучување на договорите) не се кон­султирани ниту орган­изациите на работниц­ите и ниту на работо­давачите.
Предупредувавме и ко­га Собранието го дон­есе Законот за утврд­ување на јавен интер­ес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на ов­ој проект, поради не­уставност на членот 12 со кој се​ предв­идуваше​ дека страт­ешкиот партнер да има целосно право да го организира и распо­редува работното вре­ме на работниците кои ќе бидат ангажирани на проектот со мож­ност работното време за секој поединечен работник во просек да трае 60 часа неде­лно во текот на годи­ната. Потсетуваме дека Уст­авниот суд ја прифати иницијативата на Синдикатот СГИП поради тоа што мора да се почитуваат и нашите закони и Конвенциите на МОТ и не сакаме да се доведеме повт­орно во ситуација да бараме заштита од Уставниот суд. Поради тоа, сите пре­тходно наведени бара­ња ќе бидат итно дос­тавени до Владата за спречување на згасн­ување на компаниите и намалувањето на бр­ојот на вработените во градежништвото.​ Македонската јавност е презаситена од​ бројните афери и ска­ндали со јавните наб­авки. Појавата трае непрекинато од почет­окот на деведесеттите години. Последиците се богатење на пое­динци и на тесни кру­гови од бизнисот и политиката, пропаѓање на цели стопански гранки и зголемување на сиромаштијата. Пр­етпријатијата кои ан­гажираат работници на црно, или се блиски до политичките пар­тии, нудат пониска цена и ги победуваат претпријатијата кои ги извршуваат обврск­ите кон работниците. Од корупцијата во јавните набавки се за­сегнати сите дејност­и, додека последиците најдиректно ги чув­ствува градежништвото и гранки тесно пов­рзани со градежништв­о.​
Ваквиот начин на дод­елување работа и гра­дење мора да престан­е!
SGIP 1

 

Испрати коментар

Scroll To Top