Дали некогаш сте прошетале низ градот и сте забележале врата која е толку симпатична што едноставно морате да се фотографирате пред неа? На фотографката Бели Фоксвел тоа често и се случувало и одлучила од тоа да направи хоби што ќе го сподели со луѓето преку Инстаграм.
Бела претходно се занимавала со маркетинг за други брендови и помислила дека е време да го проба она што ги учи другите. Кога неколку пати фотографирала убава влезна врата, сфатила дека тоа е нешто што ја привлекува и си поставила предизвик да продолжи да работи во таа насока. Нејзиниот Инстаграм профил наречен The Doors of London собрал речиси 70.000 следбеници.
Таа вели дека нема поубаво чувство од тоа кога ќе шетате по улица и ќе забележите генијална врата за која не сте ни знаеле дека постои. Затоа таа често истражува разни лондонски улици и го бележи она што го пронаоѓа. Нејзиниот профил е преполн со вакви убави фотографии, а во галеријата подолу ви пренесуваме некои кои веруваме дека ќе ви се допаднат.