Волуменот во форма на “L” се наоѓа 80 метри над земја, односно во кула која е ориентирана југозападно од Тел Авив, и која визуелно се отвора кон крабрежјето на пристаништето Јафа, кое е само неколку километри оддалечено од градот.
Идејата на Paritzki and Liani Architects е да креираат природно надоврзување на визуелната кореспонденција со територијата, како и да ја одржат орнаменталната интеграција на градот во ентериерот.
Има три дела кои го трасираат внатрешниот периметар на волуменот: првиот е влезната патека која потоа се дуплира во внатрешноста со паралелен премин, кој е прекриен со дрво и кој води до просториите за спиење, додека третиот дел е скриен и краток и води од кујната и трпезаријата до сервисните простории.