Насловна / Архитектура / Коцка по коцка: Нов ориентир на Тирана

Коцка по коцка: Нов ориентир на Тирана

Тирана веќе со години е позната како еден вид полигон каде што бројни светски архитектонски фирми ги вкрстуваат своите знаења и вештини, а најновиот проект кој треба да го редефинира хоризонтот на градот е наречен Hora Vertikale и е потпишан од португалското биро OODA (Oporto Office for Design and Architecture).

1

Авторите на проектот за централната џамија во Приштина, која моментално е во изградба, архитекти од Порто, овој пат креирале единствена кула која се карактеризира со кластеризирана фасада. Според проектот, објектот треба да биде со вкупна површина од 55.000 квадратни метри и висина од импозантни 140 метри.

3

И локалната заедница вклучена во проектот

Најавен како револуционерен проект за главниот град на Албанија, објектот го воведува концептот на вертикална населба, која на албански се нарекува „hora“.

Покрај висококата станбена структура, станарите и посетителите на локацијата на располагање ќе имаат нов парк и голем број други содржини, со оглед на тоа што општа цел на проектот е да ја вклучи локалната заедница.

4

Од бирото ООДА за Designboom велат дека инспирацијата за обликувањето ја нашле во сложената урбана структура на градот.

Во настојувањето со проектот Hora Vertikale да ја имитираат динамичната природа на Тирана, архитектите ставиле силен акцент на одржливоста.

Користењето на материјали од локални извори не само што ќе го минимизира вашиот јаглероден отпечаток, туку и ќе ја поддржи локалната економија.

5

Урбано и рурално

Дизајнот интегрира урбани и рурални елементи, со намера кулите да станат локално обележје. Вака претставената структура најавува монументално присуство во градот, притоа тежнеејќи кон атмосфера која е препознатливо локална.

7

Гледано од далеку, зградата Нora Vertikale открива карактеристични издигнувања, како апстрактен симбол на мешаната урбана структура на градот. Гледано од блиску, може да се воочи како структурите се повлекуваат од главната сообраќајница кон паркот во задниот дел на локацијата.

6

Користејќи апстракција и синтеза како основни алатки, архитектите од OODA сакале со проектот Нora Vertikale да понудат специфична интерпретација на уникатниот карактер на Тирана.

8

Целиот проект е конципиран преку примена на седум различни типови на коцки, од кои секоја вклучува седум ката, што е просечна висина за повеќето згради во албанскиот главен град.

Иницијалната изградба вклучува тринаесет коцки, каде што секоја е со димензии 22,5 на 22,5 метри, а низ три различни висини.

Првата фаза на изградбата на објектот доби зелено светло и се планира работите да почнат од следната пролет.

10

Испрати коментар

Scroll To Top