Насловна / Вести / Коалите пред исчезнување во делови на Австралија

Коалите пред исчезнување во делови на Австралија

До 2050 година коалите во австралиската држава Нов Јужен Велс би можеле да исчезнат.

koali1

Популацијата на некогаш широко распространетите торбари драстично е намалена поради уништување на живеалиштата, болести и климатски промени. Се проценува дека околу пет илјади коали умреле во последните пожари што ја зафатија Австралија, објави државниот парламент. Истрагата утврдила дека досегашната бројка од 36 илјади коали во Нов Јужен Велс е застарена.

“Пожарите во изминатите години имаат погодено површина од повеќе од пет милиони хектари, што е 24 отсто од живеалиштата на коалите“, се вели во извештајот.

Австралиската фондација за коали минатата година процени дека во целата земја се останати не повеќе од 80 илјади од овие животни.

koali

Испрати коментар

Scroll To Top