Комората на овластени архитекти и овластени инженери организира Регонална средба на архитекти и инженери, која ќе се одржи во Големиот амфитеатар – Кампус 2 на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип во Штип на 23.09.2023 година (сабота), со почеток од 12:00 часот.
По поздравните обраќања на настанот ќе бидат презентирани Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, динамиката на обуките и подготовка за примена на Еврокодови и ќе биде отворена дискусија за предизвиците во професијата на централно и регионално ниво. Регионалната средба со колегите архитекти и инженери од источниот регион се организира со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.
АГЕНДА
11.30 – 12.00 Регистрација на учесниците
12.00 – 12.20 Поздравни обраќања
– Кристинка Чулак, Претседател на КОАИ
– Благоја Бочварски, Министер за транспорт и врски
12.20 – 12.50 Ценовници за инженерски услуги и Тарифник за урбанистичко планирање
12.50 – 13.20 Еврокодови – обуки и подготовки за примена
13.20 – 14.00 Предизвици во професијата
14.00 – 15.30 Коктел
Информации за настанот:
Дата и час: 23 септември 2023 година, во 12 часот
Место на настанот: Големиот амфитеатар – Кампус 2 на УГД Штип
Број на слободни места: 70
ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот >