Насловна / Вести / КОАИ – промоција на книгата: Основа на енергетска ефикасност на згради, Проф. д-р Петар Николовски

КОАИ – промоција на книгата: Основа на енергетска ефикасност на згради, Проф. д-р Петар Николовски

Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, организира промоцијата на книгата Градежна физика – Основа на енергетска ефикасност на згради од Проф. д-р Петар Николовски која ќе се одржи на 08.02.2022 година, со почеток во 14.30 часот, on-line преку платформите ZOOM и Facebook Live.

unnamed

Д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. теоретски и практично се занимава со енергетска ефикасност и градежна физика повеќе од 50 години. Автор е на 12 книги од оваа област, а докторската дисертација на тема „Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони” ја има одбрането во Софија, пред Специјализиран научен совет на Вишата атестациска комисија при бугарската Академија на науки.

Тој е еден од тројцата автори на актуелниот македонскиот Правилник за енергетски карактеристики на згради и овластен обучувач на курсеви за енергетски контролори.

termografija

Повеќе од 15 години го водел Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа топлински карактеристики на згради, во рамките на Институтот за стандардизација на Република Македонија.

Активно соработува со соодветните комитети во CEN (Европски комитет за стандардизација) и во ISO (Меѓународен комитет за стан дардизација).

39.

Како вонреден професор предавал градежна физика, обновливи извори на енергија и одржлива архитектура на додипломски и пост дипломски студии на универзитетите ФОН и МИТ.

Со свои стручни трудови учествувал на повеќе меѓународни конфе ренции на горната тема. Учесник е во повеќе меѓународни проекти за енергетска ефикасност и енергетска рехабилитација на згради (GTZ, KWI, SMAQVa, CARDS 2002, AEA, UNDP, GIZ, Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme REEP Plus).

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Испрати коментар

Scroll To Top