Насловна / Архитектура / КОАИ: Презентација на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи

КОАИ: Презентација на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), ве поканува на презентација на Нацрт-правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, која ќе се одржи во просториите на Комората на 12 април.

Во текот на 2022 и 2023 година Комората со поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување проактивно работеше на изработка на текст за Нацрт-правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Тимот кој работеше на него од страна на Комората се состоеше од претставници од сите нејзини одделенија, со цел секој во својата област да даде соодветен придонес.

020

Нацрт-правилникот е во тек со европските прописи за предметната проблематика, но истовремено е адаптиран на локалните услови. Дел од постоечките прописи се интегрирани во него, додека дел од нив се задржуваат и Нацрт-правилникот се повикува на нив, секако водејќи сметка да се спречат конфликти.

Организирање на презентацијата ецсо цел да се запознаеме јавноста која работи во областа на заштита од пожари, од една страна инженерите – проектанти, надзори, изведувачи, ревиденти, а од друга страна претставниците на органите надлежни за спроведување и контрола на законската регулатива од оваа и сродните области. По оваа презентација, во нареден период планирани се соодветни анкети, работилници и трибини за негова разработка.

Информации за настанот: Презентацијата на Нацрт-правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи

Дата и час: 12 април 2024 година (петок), во 12 часот

Место на настанот: Сала за состаноци на Комората

ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА

030

Испрати коментар

Scroll To Top