Во склоп на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери заедно со Smart Solutions – авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, повторно ќе се одржи Autodesk предавање во живо – седмио од низата BIM активности оваа година.
Предавач на овој настан ќе биде архитект Ларс Обервинтер а со него ќе бидат и неговите колеги архитект Гоце Чавкоски и архитектката Марија Чавкоска.
Ќе бидат одржани две предавања: „Дигитализација на АЕЦ индустријата“ и „Стратегии за BIM имплементација“.
Настанот ќе се одржи на 26.10.2023 година (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
09:30-10:00 – регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 – добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:05 – арх. Ларс Обервинтер, Главен извршен директор, Пландата | „Дигитализација на АЕЦ индустријата“
11:05-11:25 – кафе пауза
11:25-12:25 – арх. Ларс Обервинтер, Главен извршен директор, Пландата | „Стратегии за BIM имплементација“
12:25-12:45 – прашања и одговори
ВАЖНА НАПОМЕНА: предавањата ќе бидат одржани на англиски јазик
Информации за настанот:
Дата и час: 26 октомври 2023 година (четврток), 09.30 часот
Локација: Сала на Комора ОАИ
Слободни места: 80
ВАЖНО: Регистрацијата се врши на веб страната на Комората > РЕГИСТРАЦИЈА