Насловна / Вести / КОАИ: Повик за номинации за „WFEO GREE WOMEN IN ENGINEERING AWARD“ за 2024 година

КОАИ: Повик за номинации за „WFEO GREE WOMEN IN ENGINEERING AWARD“ за 2024 година

Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ ја пренесува објавата од Светската федерација на инженерски организации WFEO за годишната награда : 2024 WFEO GREE WOMEN IN ENGINEERING AWARD.

Наградата WFEO GREE Women in Engineering се доделува секоја година. Номинациите се однесуваат за извонредни жени – инженери кои дале значаен придонес во инженерството. Номинациите може да бидат предложени од институција како што е универзитет, инженерска институција или здружение, компанија или друга организација. Номинациите треба да бидат одобрени од претседателот, главниот извршен директор, шефот на одделот на универзитет или еквивалентна институција. Номинациите и писмата за поддршка од организации членки или соработници на WFEO ќе бидат особено ценети.

  • Номинациите се доставуваат до 31 август 2024 година, на wfeo-awards@wfeo.org со приложениот формулар за номинација
  • Наградата се состои од медал, сертификат и парична награда од $1.000 (USD).
  • Лауреатот на наградата 2024 ќе биде известен во есента 2024 година и ќе биде претставен за време на сесијата на Извршниот совет на WFEO и на Глобалната инженерска конференција одржана во Кигали, Руанда, на 15-18 октомври 2024 година.

Испрати коментар

Scroll To Top