Градоначалникот на Општина Центар-Скопје иницираше организирање и спроведување конкурс за избор на идејно решение за административна зграда на Општина Центар Скопје. Согласно со тоа, Општина Центар достави Покана за делегирање на член и заменик член во Жири Комисијата за конкурсот до Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ.
КОАИ ја прифати Поканата и соодветно го распиша овој Конкурс за избор на член на Жири Комисија кој треба да е независен од учесниците на конкурсот, да има соодветни професионални и стручни квалификации и искуство и кој, во согласност со член 127 од Законот за јавните набавки, ќе ги врши следните работи:
- ќе ги оценува поднесените конкурсни трудови врз основа на критериумите за оценување наведени во огласот,
- да учествува во поднесениот извештај до договорниот орган и до учесниците каде е претставено рангирањето на конкурсните трудови и конкретни забелешки,
- доколку е потребно да учествува во изготвување листа на прашања што треба да се разјаснат и
- да учествува во водењето записник од дискусиите што се воделе за да се форматира рангирањето.
Услови
Претставникот на Комората во Жири Комисијата која ќе ја има одговорната задача да ги евалуира пристигнатите конкурсни трудови, треба да ги исполнува следните услови:
Лична состојба
- Професионална биографија на лицето.
- Лицето е државјанин на Република Северна Македонија.
Елиминаторни критериуми
- Активен член со подмирена членарина во КОАИ.
- Лицето не било предмет на постапка во Комората која резултирала со одземање на Овластување.
- Носител на Овластување А за изработка на проектна документација од Архитектура.
- Носител на Овластување А за ревизија на проектна документација од Архитектура.
Прво рангираниот кандидат ќе биде делегиран за Член на Жири комисијата, а второ рангираниот за негов заменик.
Рок за поднесување на документација
Документацијата да се поднесе најдоцна до 03.06.2024 година до 12.00 часот, електронски на линкот https://bit.ly/prijava-konkurs-ziri