Насловна / Архитектура / КОАИ одржа работилница за усогласување на Законот за заштита на културното наследство

КОАИ одржа работилница за усогласување на Законот за заштита на културното наследство

Од Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) соопштуваат дека на 25.07.2018 година, во просториите на Комората е одржана работилница за усогласување на Законот за заштита на културното наследство со Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење на Република Македонија.

ком
Велат дека преземањето на интервенции врз недвижното наследство е комплексен проблем кој допира повеќе закони инволвирани на неколку нивоа во текот на постапката која треба да обезбеди континуитет на процесот на заштита на недвижното наследство. Секако дека основна законска рамка за остварување на заштитата на недвижното наследство денес во Република Македонија е Законот за заштита на културното наследство, но непобитен факт е дека процесот на непосредна заштита е во длабок импакт со легислативата за подготвување и спроведување на урбанистички планови и тоа на две нивоа:
1-во ниво – Импакт со законската рамка во која се дефинира процесот на урбанистичко планирање и заштитата на градителското наследство
– изработка на урбанистичка планска документација.
2-ро ниво – Импакт со законската рамка во која е дефиниран процесот на реализација на предвидените интервенции врз недвижното наследство
– изработка на проектна документација за непосредна заштита
– изведба и раководење на проекти за непосредна интервенција врз недвижно наследство.
На работилницата покрај членови на КОАИ, учествувале и претставници од Министерствата за Култура, за Транспорт и врски и за Животна средина; претставници од регионалните центри за заштита на културно наследство (Битола, Охрид, Крушево, Кратово итн) како и претставници од бројни општини од Републиката кои се засегнати со оваа проблематика.

Испрати коментар

Scroll To Top