Минстерството за транспорт и врски до Комората на овластени архитекти и овластени инженери достави нов Нацрт-текстот на Закон за градење.
Со цел да се сондира мислењето на сите членови на Комората и да се отвори дискусја по нацрт-текстот на Законот изработена е оваа Анкета. Заклучоците и дискусиите што ќе произлезат од оваа Анкета ќе бидат сублимирани и доставени до предлагачот.
За пополнување на оваа Анкета, во прилог се доставени материјали за актуелниот Закон за градење [https://bit.ly/vazecki_zakon], нацрт-текстот на Закон за градење [https://bit.ly/nacrt-zakon-2023] и нацрт-Правилникот за класификација и категоризација на видови градби [https://bit.ly/nacrt-klasifikacija2023].
Доколку имате предлози за измени и дополнувања, ве молиме преземете го овој Формулар [https://bit.ly/formular-izmeni-dopolni], пополнете го и прикачете го на крајот на анкетата.
Вашето учество во Анкетата која следи е од суштинско значење. Комората смета на вашиот придонес во текстот на овој клучен документ што го регулира градењето во државата.
Анкетата треба да се пополни најдоцна до 23 октомври 2023 година, до 24 часот.
Пополнете ја анкетата тука.