Насловна / Архитектура / Kö-Bogen II, Дизелдорф: Најголемата зелена фасада во Европа

Kö-Bogen II, Дизелдорф: Најголемата зелена фасада во Европа

Со објектот Kö-Bogen II, поставен е рекордот за најголема зелена фасада во Европа. Но, ова зеленило не само што е исклучително од естетски аспект, туку сериозно придонесува и за поповолна околна урбана клима. Всушност, на овој начин се решава се поприсутниот проблем на бетонските џунгли – урбаните топлински острови. Објектот е дело на Ingenhoven architects и е наменет за деловни и комерцијални цели. Зелената фасада е завршена во 2020 година и има околу 30.000 растенија и 8 километри долга жива ограда која не ги губи своите лисја ниту во зима. Според Ingenhoven architects, еколошкиот бенефит од оваа ограда е еднаков на околу 80 целосно израстени големи дрвја. Накратко, интелигентниот зелен коцепт обезбедува значаен митигативен ефект во однос на климатските промени, истовремено креирајќи подобро опкружување на луѓето кои работат во објектот.

bogen1

EP03601

bogen3

bogen4

bogen5

Испрати коментар

Scroll To Top