Книжарницата „Табернакул“, лоцирана во централното градско подрачје, до Театарот за деца и младинци, се затвора од денес.
Како што пишува на фејсбук страницата на „Табернакул“, нивните изданија ќе можат да се купуваат онлајн на kupikniga.mk, како и во другите книжарници што ги имаат правата за продажба на изданијата на „Табернакул“.
Популарната книжарница на скопски „Рекорд“ беше отворена во 1999 година, а претходно во 1991 година како пионери во издаваштвото ја отворија книжарницата во фоајето на МНТ.