Насловна / Архитектура / Библиотека и трамвај

Библиотека и трамвај

Централна библиотека во Калгари , Канада
173082
Проектното биро Snohtta и нивните канадски кореспонденти Dialog победија на меѓународниот конкурс од минатата година, но дури сега се појавува проектното решение во јавност. Новото здание ќе се наоѓа на крајот од деловниот центар на градот и областа Ist vilige, на патот на трамвајската линија која се покрива со специјална обвивка.173080173083 (1)
На ниво на терен, во зданието, се предвидени јавни просторни ниши, дизајнирани во облик на ветрот Chinook со ефект на облаци , карактеристични за провинцијата Алберта, каде се наоѓа и градот Калгари.

Од ова ниво посетителите стигнуваат до вестибилот, лоциран на дното од атриумот, покриен со стаклен под и дрвени панелни опшивки на галериите и пасажите.173081173084173085
На третиот и четвртиот етаж се читалните и просториите за индивидуални занимања.

Фасадата е оживеана со чисти и прозрачни стаклени површини, а тивките делови со специјално стакло “white frit”.173086173079
За време на одвивање на конкурсот како и проектирањето, земени се предвид и имплементирани предлозите на повеќе од 16.000 граѓани (што за нашите „политизирани проектанти“ на јавни објекти е мислена именка).

Библиотеката се отвора во 2018 год.

Испрати коментар

Scroll To Top