Над 100 модернистички киосци на улиците низ централна и источна Европа се прикажани во книгата „Киоск“. Авторите David Navarro и Martyna Sobecka фрлаат светлина врз необичните структури и избрале десет од најинтересните.
„Киоск“ собира на едно место фотографии од 150 преживеани модуларни киосци кои биле изградени во фабрики и составени во градовите во поранешниот источен блок помеѓу 1970-тите и 1990-тите.
Navarro и Sobecka, основачите на издавачкото и дизајнерското студио Zupagrafika ги откриле структурите додека ги документирале станбените населби низ централна и источна Европа за нивните претходни публикации.
За време на нивните патувања, откриле дека овие модернистички киосци некогаш биле срцето на заедниците, се користеле за сè, од продавници за списанија до места каде сепродавал сладолед.
Меѓу нив се моделoт K67 на архитектот Саша Махтиг, и други верзии како полскиот Ками и македонскиот KC190 на архитект и професор Александар Никољски.
Сепак, додека некои структури денес се обновуваат и пренаменуваат, нивниот број се намалува, а голем дел сега се затворени, отстранети или оставени да пропаѓаат.
Целта на Zupagrafika е книгата да помогне да привлече внимание кон „безвременските“ дизајни на овие разиграни структури, за кои смета дека заслужуваат место во современите градови.
„’Киоск’ е доказ за дизајн кој, како и сите големи дизајни, останува безвременски“, изјавија Navarro и Sobecka за Dezeen.
„Спроведовме кратки интервјуа со многу сопственици или луѓе кои работат во овие киосци, а кратки фрагменти од овие интервјуа се прикажани во книгата. Во голем број случаи тие изразуваат гордост на своите киосци“, додаваат основачите на Zupagrafika. „Кога ги прашуваме луѓето за нивните спомени, тие ни велат дека овие киосци биле прозорец кон еден поинаков свет“.
Во продолжение прочитајте за најдобрите 10 киосци на Zupagrafika кои се вклучени во книгата:
К67, Словенија
„Киоскот К67 прикажан на насловната страна на книгата служеше и како експонат и како место за граѓански активности на плоштадот Антон Укмар во Копер, како дел од иницијативата насочена кон ревитализација и активирање на јавниот простор“.
„Имавме привилегија да разговараме со Саша Махтиг кој работи на третата генерација на K67.
„Само неколку дена откако ја направивме оваа сфотографија, киоскот беше отстранет“.
К67, Србија
„Оваа пекара е во областа Горњи Град и е доста популарна во Белград. Додека снимавме таму, бевме изненадени од бројот на клиенти. Возачите и минувачите често застануваат за брзо да нарачаат леб или домашно пециво.. Модуларниот киоск е заштитен со покрив од ќерамиди, кој е во контраст со модернистичкиот дизајн на K67. ”
Kami, Полска
„Со децении, овој киоск Кami ами се користел како билетара за наплатување паркирање во Лоѓ, Полска, до неговото отстранување во 2023 година“.
„Именуван по својот производител во Aleksandrów Łódzki, град во близина на Лоѓ, Ками бил полска верзија на К67. Ја направивме оваа фотографија пред неколку години додека го документиравме Śródmiejska Dzielnica Mieszkaniowa, локално познат и како имот на Менхетен, бруталистички комплекс од 1970 година во централниот округ Лоѓ.
„Жената што е на фотографијата продаваше билети, таа го приспособила киоскот со хеклани завеси“.
UFO, Полска
„Киоскот UFO во Biała Podlaska, во близина на полско-белоруската граница, е направен од структура со два модула наречена batiskaf.
„Порано во неа се продавале различни работи, вклучувајќи весници, цигари и играчки и служела како мала дрогерија која нудела производи за чистење и козметика“.
„Системите за batiskaf биле увезени во Полска од поранешниот СССР и првенствено се направени од метал, за разлика од К67, кој е направен од армиран полифибер За жал, престана со работа пред неколку месеци , додека киокот се уште остана, но не е функционален“.
Бар Славчек, Словенија
„Додека ги документиравме модуларните киосци, бевме заинтригирани од тоа што се случува со овие структури откако ќе бидат отстранети од урбаната мрежа.
„Еден пример е овој популарен модуларен бар, Бар Славчек, во Ново Место, Словенија. Тој беше затворен пред неколку години и преместен е на јавна површина на замок, каде што чека реновирање.“
„Во Полска постојат гробишта на киосци, но таму пронајдовме само понови модели на киосци, кои не беа релевантни за нашето истражување. Неодамна, некои модули К67 се обновуваат и подоцна се нудат за изнајмување или купување.“
KC190, Северна Македонија
„На железничката платформа на Транспортниот центар Скопје во Северна Македонија, има ред киосци KC190 или тип KF кои се користат како пунктови за билети и канцеларии за персонал.
„Комплексот е проектиран од јапонскиот архитект Кензо Танге, како дел од поширокиот бруталистички пристап кон планот за реконструкција на градот по земјотресот во Скопје во 1963 година. Бевме изненадени од прилично напуштената состојба на комплексот“.
К67, Полска
„Во Полска, киосците К67 честопати се нарекуваат Југокиоск.
„Таму можевте да купите буквално сè, од цигари до домашни јајца. Во станбената населба Piaskowa Góra, Wałbrzych, низот Југокиосци кои претходно продаваа јајца и зеленчук, сега има само една оперативна единица, која служи како продавница на цигари“.
К67, Хрватска
„Овој модул К67 служи како складиште и набљудувачница на патеката за мотокрос во близина на селото Жидовињак, Хрватска.
„Врнеше силен дожд ноќта пред да го фотографираме, оставајќи некои области со локви и калливи дупки кои беше тешко да се забележат.
„Додека Давид фотографираше, почна да тоне во една од овие дупки, до колена. Всушност, оваа фотографија прикажана во книгата е направена од внатрешноста на дупката“.
KC190, Србија
„Еден од најдобро сочуваните киосци KC190 што ги најдовме во поранешните југословенски земји е во кругот на Вишата техничка школа за стручни студии во областа Пивара во Крагуевац, Србија.
„Серијата модуларни киосци KC190 проектирана е од Александар Никољски во 1986 година, архитект кој беше и професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, беше масовно произведена од Треска Полипласт во Струга, Северна Македонија.“
Kioski, Германија
„ Kioski е пример за успешно користење на реновиран К67. Киоскот, кој сега служи како кафуле, го обновила К67 Берлин, компанија специјализирана за оживување на овие модуларни киосци. Силвија, која работеше таму додека фотографиравме, не покани да пробаме еспресо, што беше одлично“.