Улици на небото, монтажни станбени населби, натур бетонски летечки чинии, кули во форма на пченка; ова се некои од градбите кои ги обликуваа урбаните пејзажи во Источна и Централна Европа по Втората светска војна.
Brutal East vol. II, разиграна и привлечна книга, им овозможува на читателите да истражуваат и да учат за бруталистичката и модернистичка архитектура изградена во поранешниот Источен блок и поранешна Југославија и да направат макети на некои од нивните најинтригантни градби, од масивните станбени згради во Москва до бруталистичкиот хоризонт на Тбилиси.
Brutal East vol. II вклучува поглавја со фотографии и текстови кои даваат драгоцен увид во истакнатите згради и нивната историја, како и предговор од Александар Острогорски. Книгата содржи девет однапред пресечени и превиткани модели од објектите кои можат да се моделираат како макети. Вrutal East е долгоочекуваната втора книга, (по првиот дел издаден во 2017) во тврд повез, од авторите David Navarro & Martyna Sobecka, издадена од Zupagrafika. Свој придонес со фотографии има и нашиот архитект и фотограв Борис Јурмовски. Книгата чини 24 евра и онлајн може да се нарача тука.
Девет модели на објекти од картон од кои може да си нправите свои макети:
Москва – „Куќа на пилешки нозе“
Тбилиси – Станбена населба „Sky-Bridge“
Киев -Хотел Поздрав
Скопје – Студентски дом „Гоце Делчев“
Берлин – Haus der Statistik
Будимпешта – Станбена населба Хавана
Минск – Станбен комплекс „Кукуруза“
Домбаи – Хотел Аманауз
Бузлуџа – Споменикот на Бугарската комунистичка партија