По неговата најпродавана книга „Советските автобуски станици“, канадскиот фотограф, Christopher Herwig, издаде книга завршувајќи подземна експедиција – фотографирајќи ги станиците на секоја мрежа од метрото во поранешниот СССР.
Најновата книга на Herwig, „Советските метро станици“ го документира ова богатство на различна архитектура.
Посетата на било која од десетината метрото мрежи, изградени низ Советскиот Сојуз помеѓу 1930-тите и 1980-тите години, остава без здив.
Овие станици се уметничко дело – фузија на скулптура, архитектура и уметност што ги комбинира византиските, средновековните, барокните и конструктивистичките идеи и придонесуваат на основната идеја во периодот кога се правени, јавнот транспорт е достапен на сите, а во исто време е луксузен, авторски и претставува уметност.
„Советските метро станици“ го документира ова богатство од екстремни мермери, изобилство од лустери до футуристичко минималистичка слава.
Herwig ги снима елементите кои го сочинуваат ова единствено советско искуство: неон, бетон, ескалатори, натписи, мозаици и скулптуи, сите се комбинираат за да ја создадат живописната и незаборавна мапа на советското метро.
Книгата содржи и есеи од водечкиот архитектонски и политички писател Owen Hatherley.
„Советските метро станици “ може да се купи онлајн на http://fuel-design.com и https://www.amazon.com.