Насловна / Вести / Клупите во Данска се еден метар повисоки отколку што треба

Клупите во Данска се еден метар повисоки отколку што треба

Клупите во Копенхаген се речиси еден метар повисоки отколку што треба, а луѓето масовно прашуваат зошто. Одговорот на тоа прашање е всушност важно предупредување.

Доколку шетате низ Копенхаген, сигурно ќе ги забележите многу високите јавни клупи кои ги красат улиците.

Клупите се подигнати 85 сантиметри повисоко од оние на кои сме навикнати, но зошто?

2

„Според ОН, глобалното ниво на морето ќе се порасне до еден метар пред крајот на векот и тоа исто така ќе има големо влијание врз Данска ако не дејствуваме сега“, рече Каспер Адсбол, бренд менаџер кој ги постави овие клупи.

Овој проект има за цел да ја натера јавноста да размислува за климатските промени и опасностите од зголемувањето на нивото на морето.

1

Секоја клупа во Копенхаген има бакарна плоча на која пишува: „Поплавите ќе станат дел од нашето секојдневие ако не почнеме да правиме нешто за нашата клима. Според најновиот климатски извештај на ОН, се очекува нивото на морето да се зголеми до еден метар до 2100 година доколку продолжи глобалното затоплување“.

3

Делови од главниот град на Данска се на само неколку метри надморска височина, поради што е изложен на непосредното влијание на зголемувањето на нивото на водата.

Испрати коментар

Scroll To Top