Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Аламудин купиле елегантна вила на приватен остров во Велика Британија.
Овие младенци станале горди сопственици на скапоцена вила. Mill House, името на вилата, е прекрасна камена вила од 17 век, со површина од околу 1.000 м2, но и со архитектонски елементи од 90-тите години на минатиот век, кога последен пат била реновирана. Се наоѓа во живописното село Sonning, околу 40 километри од центарот на Лондон и има 10 спални соби и осум бањи.
Оваа трикатна резиденција се наоѓа на приватно земјиште од околу 5,5 хектари, а до неа може да се стигне со брод или преку краток дрвен мост кој се наоѓа зад електричната капија со видео надзор. Во приземјето на вилата има семејна соба, модерна кујна, теретана, трпезарија, библиотека и дневна соба.
На првиот кат е сместена соба за седење, главен апартман и пет спални. На вториот кат има четири спални соби со приватни бањи.
Иако не се знае точно колку Клуни и неговата сопруга платиле за оваа вила, минатата година таа била ставена на продажба по цена од 16 милиони долари.