Насловна / Вести / Клуч од шкафче на „Титаник“ продаден за 104.000 долари

Клуч од шкафче на „Титаник“ продаден за 104.000 долари

titanic-key

‘Рѓосаниот клуч за кутија од легендарниот пароброд „Титаник“ кој потона на своето прво патување во 1912 година, е продаден на наддавање организирано од аукциската куќа Henry Aldridge & Son, за 104.000 американски долари, односно 85.000 британски фунти.
Клучот со бакарен приврзок, на кој е врежан бројот на кутијата (Locker 14 F Deck), бил најден со телото на 23-годишниот бродски стјуард Сидни Седјунари. Се очекуваше дека овој клуч ќе достигне цена од 50 илјади фунти.

Претходно беше објавено дека работите што биле најдени покрај телото на удавениот стјуард биле испратени на неговата тогаш бремена сопруга во Саутемптон. Подоцна некои од работите по желба на синот на Седјунари биле предадени на Саутемптонскиот музеј, но клучот останал кај семејството, а во 1981 година дошол до еден од роднините во Австралија.

Експертите на аукциската куќа го опишаа клучот како „исклучително редок“ примерок и експонат. Исто така, тие сметаат дека тоа е доказ дека Седјунари „херојски продолжил да си ја работи својата работа кобната ноќ, и покрај тоа што водата навлегла во бродот“.

Испрати коментар

Scroll To Top