Le Tigre Yoga Club во Париз е отворен кон крајот на минатата година, а неговото врвно уредување на 440 квадратни метри е веќе на листите на многу обожаватели на јога и пилатес, кои уживаат да работат на своето тело во луксузно уреден простор каде што програмите ги водат искусни професионалци. Како што тигарот во источната култура е симбол на сила и енергија, овој центар на своите членови им овозможува не само да работат на телото, но исто така и на духовниот развој.
Целиот простор е пополнет со внимателно избран мебел од светските пазари за старини познати по своите уникатни истории. Затоа, целиот ентериер, чиј аранжман е потпишан од Marion Collard, зрачи со топлина и повикува на уживање. Кожа, дрво и палмини листови се само некои од елементите од кои е изработен мебелот, а овој престижен јога клуб во својата понуда има и свој био-бар кој нуди органски чаеви во кои сите клиенти можат да уживаат.
Јога клубот има повеќе од 40 инструктори за јога и пилатес, а во понудата има групен и индивидуален тренинг.