Насловна / Арт и дизајн / Клод Моне: Патот до совршенството на формата и бојата

Клод Моне: Патот до совршенството на формата и бојата

Импресионизмот го доби името по една од неговите слики „Импресија, раѓање на сонцето“, меѓутоа, она по што овој сликар најмногу ќе остане запаметен се неговите дела инспирирани од лотоси.

3

Клод Моне, еден од големите сликари и зачетник на импресионизмот, роден е на 14. ноември 1840 година. Иако својот развоен пат го започнал како фигуративен сликар: „Појадок на трева“ или „Јапнака со лепеза“, во еден момент решил да се посвети на пејзажите и вовел револуција во сликањето.

1

„Лотоси“ се колекција од околу 250 слики, кои Моне ги создавал во текот на 30 години во градината на Живерни, имот што го купил за своето семејство и каде изградил рибник со егзотични растенија. Оваа серија слики му станала своевидно засолниште и уметничка терапија во времето на конфликти и турбуленции за време на Првата светска војна.

2

Ги сликал во различни периоди од денот и во различни годишни времиња, а припаѓаат на една од најбројните групи во историјата на уметноста кога станува збор за иста тема. Како што стареел, неговите дела станувале се поапстрактни, а лотосите му дале можност да го поедностави својот стил и да се фокусира на формата и бојата.

4

Кон крајот на својот 86 години долгиот живот, тој сонувал за „нешто што е невозможно да се наслика – вода со трева што се бранува во длабочините“. Ова резултирало со тоа неговиот колега Едуард Мане да го нарече „Рафаело на водата“.

5

Испрати коментар

Scroll To Top