Насловна / Архитектура / Клиника за онкологија во Керетаро, Мексико

Клиника за онкологија во Керетаро, Мексико

Од 1999 година, Фондацијата Teletón вложува големи напори за да се грижи за потребите на децата со посебни потреби. Во потрага по истите идеали, ја создале и Клиниката за онкологија за новороденчиња Teletón (HITO)  за поддршка на децата болни од рак, како одговор на една од водечките причини за смрт во Мексико. Градот Керетаро е избран поради неговата централна локација во земјата и високите стапки на раст и развој.

1_resize

2_resize

Архитектонскиот концепт на бирото Sordo Madaleno Arquitectos се заснова на идејата на синџир од клетки кои прават различни движења, што го претставува принципот на регенерација на клетките. Секоја од овие клетки е претставена со волумен, за да се добијат вкупно девет секции, кои го содржат целиот програм во нивната закривена форма.

7_resize

5_resize

На фасадата, секој волумен игра со различен наклон и има низа вертикални држачи кои функционираат како конструктивни столбови, елиминирајќи ја потребата од внатрешни носиви елементи. Исто така го истакнуваат движењето на секој волумен за да се постигне визуелен јазик кој го одржува архитектонскиот идентитет на CRIT (Центри за рехабилитација на деца -Teletón). HITO се наоѓа на издигната локација со брановидна топографија која пружа широк поглед на градот.

8_resize

9_resize

Главниот влез се наоѓа во центарот на комплексот, а различни простори распоредени се од рецепцијата на различни нивоа. Постојат четири општи нивоа, со дополнително ниво во некои оддели, за да се прлагоди идниот раст во одделенијата и областите за хемотерапија.

10_resize

HITO има највисоко ниво на специјализирани услуги за детска онкологија, а секој оддел е распределен во зградата формирана од деветте одделенија. Овие одделенија сместени во објектот со површина од 13.735 квадратни метри, вклучуваат снимање, нуклеарна медицина, радиотерапија, банка на крв, лабораторија, патологија, интензивна нега, хемотерапија и капела.

11_resize

Вкупната површина на локацијата е 45.130 метри квадратни, што вклучува голема површина наменета за зеленило и уште еден дел одвоен за идно проширување.

4_resize

6_resize

8_resize

12_resize

13_resize

14_resize

15_resize

16_resize

17_resize

20_resize

19_resize

Испрати коментар

Scroll To Top