Насловна / Вести / Климатските промени закана за една милијарда деца во светот

Климатските промени закана за една милијарда деца во светот

Климатските промени се закана за една милијарда деца во светот, а во последната деценија не е подобрен стандардот на малолетните лица. Ова се наодите на невладината организација KidsRights во неодамна објавениот годишен извештај. Пандемијата оставила големи последици врз малолетните лица, кои понекогаш биле лишени од храна или лекови поради проблеми во здравствениот систем, па како последица на ваквите состојби умреле речиси 286.000 деца помлади од 5 години, истакнува холанската невладина организација.

kids1

Оваа организација секоја година ја објавува табелата KidsRights Index, рангирајќи 185 држави според критериумите за почитување на Меѓународната конвенција за правата на детето, а врз база на податоци од Обединетите нации. Првите места во оваа класификација за 2022 година ги заземаат Исланд, Шведска, Финска и Холандија, а на самото дно се Централноафриканската Република, Сиера Леоне, Авганистан и Чад.

kids2

За прв пат после дваесет години, бројот на деца кои работат надминал 160 милиони. Во извештајот одредени земји се посочени поради лошите индикатори во некои области, како на пример Нигерија поради високата смртност на жените при породувањето, како и Црна Гора поради слабиот опфат на вакцинација на децата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top